Толу Акинтепе и неговата сопруга Бунми изјавиле пред судот дека само сакале да го зачинат својот љубовен живот. Тие биле фатени на дело во една мала црква во Икеја, предградие на главниот град Лагос. Пасторот на црквата за време на судењето побарал брачниот пар да биде казнет со сто фунти. Инсистирал мажот и жената да го измијат олтарот и да се молат да им бидат простени гревовите.


На необичното судење брачниот пар се бранел дека нивниот љубовен живот бил умртвен и покрај тоа што во брак биле 4 години. Мажот и предложил на сопругата да водат љубов во црква и таа се согласила. Судијата им одредил казна и ги предупредил во иднина да имаат поголемо почитување кон религиозните институции.