Полицијата вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на државава за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 33 возачи.
Од нив 19 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, девет возеле без возачка дозвола, три мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава… За време на контролата санкционирани се и 200 други видови на сообраќајни прекршоци, соопшти МВР.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
OhridNews
фото. МВР