Француската сообраќајна полиција парично казнила една жена која возела автомобил со фереџе преку лицето, со образложение дека немала јасно видно поле. Според зборовите на адвокатот Жан Мишел Полон, сообраќајната полиција на почетокот на месецов во Нант на неговата клиентка и наплатила казна од 29 евра, бидејќи во законот пишувало дека возачите мора да имаат слобода во движењето и големо видно поле.
Меѓутоа адвокатот поднел жалба, тврдејќи дека во смисол на намалувањето на видното поле, фереџето зафаќа исти простор како и кацигата која е задолжителна за возачите на мотори.