Новозеландскиот олимписки одбор му се заканил на теквондо натпреварувачот Логан Кемпбел дека ќе го тужи бидејќи планира да го финансира учеството на олимписките игри со пари од бордел. Кемпбел бил 16ти на олимписките игри во Пекинг. За неговото учество во Пекинг го финансирале родителите. Таткото дури и работел две работи за да му помогне на синот.


Овој пат тој не сакал да им биде товар на родителите па отворил бордел. Се надева дека така ќе успее да собере пари за да може да учествува на наредните олимписки игри. По тримесечно молчење олимпискиот одбор се огласил барајќи од него да не ги поврзува игрите со неморални бизниси. Тој се брани со фактот што неговиот бизнис е легален во Нов Зеланд.