Еден невработен човек ќе мора да плати казна од 900 евра колку што му одредил судот, бидејќи во музејот за восочни фигури во Берлин му ја откинал главата на Хитлер. Овој настан се случил минатата година. Осудениот Френк се бранел самиот и изјавил дека се кае за постапката.
После инцидентот изјавил дека бил огорчен што тој диктатор и злосторнјик на отворањето на една изложба се нашол на централно место, па со еден удар со ногата му ја откинал главата. Хитлеровата фигура вредела 200 000 евра, а штетата која била предизвикана се проценува на 6300 евра.