Основното јавно обвинителство Кавадарци до Основниот суд Кавадарци поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице обвинето дека сторило кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Oсомничениот не ги почитувал препораките на задравствените власти и противзаконски ја прекршил самоизолацијата на што претходно се согласил со писмена изјава.

Обвинетиот умислено не постапил според писмената наредба на Министерството за здравство со која се определуваат мерки за спречување или сузбивање на пандемијата на опасна заразна болест – коронавирус COVID 19. Имено тој влегол во државата на 16 март во 23:15 часот, враќајќи се од Германија како средноризична земја утврдена на листата на Светската здравствена организација. Притоа одбил да потпише изјава за задолжителна самоизолација и да ја прими писмената наредба на Министерството за здравство. На 17 март во 13:00 часот, кога од страна на униформирани полициски службеници од ОВР Кавадарци е направена контрола во неговиот дом во с. Дебриште, Росоман, обвинетиот не бил затекнат во домот и телефонски изјавил дека е на истовар на роба во Струмица. – информира Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител, согласно Законот за кривична постапка, му предложи на Судот на обвинетиот да му изрече парична казна во висина од 50 дневни глоби, или околу 2.500 евра.

OhridNews