Во охридската гимназија на крајот на оваа недела ќе се одржи наставничкиот совет на кој се очекува да биде донесена одлука- какви санкции ќе бидат превземени против учениците кои на екскурзијата во Прага беа фатени како користат опојна дрога.

Според  неофицијалните информации до кои дојде OhridNews, на учениците најверојатно ќе им биде изречена најстрогата казнена мерка, согласно законот за образование- опомена пред исклучување.  Не се отфрла  можноста да биде предложена и поостра санкција. Крајниот исход, сепак, ќе биде познат по одржувањето на наставничкиот совет. 

Веднаш по инцидентот во рамки на средното училиште Св. Климент Охридски беше формирана комисија која го испитуваше случајот, а на разговор беа повикани учениците и нивните родители.

Конечната одлука ќе биде донесена врз основ на заклучоците на комисијата и податоците кои се очекува да бидат испратени до гимназијата од страна на СВР- Охрид.

Т. К.