Во случај на погрешна временска прогноза, независните метеоролози во Јужноафриканската Република би можеле да бидат казнети со затвор до десет години и парична глоба. Законот кој овозможува санкционирање на независните метеоролози бил донесен како јавноста би била поштедена од неточни прогнози и измами кои можат да предизвикаат паника. Физичките лица кои сакаат да известат некоја радио станица или весник за доаѓање на невреме, исто така ќе мораат претходно да побараат дозвола од Националната метеоролошка служба.
Во законот за кој опозицијата тврди дека овозможува монополско однесување на Националната метеоролошка служба, било предвидено дека истата не може да биде одговорна за штета која би настанала поради нејзина погрешна прогноза. Независните метеоролози и физичките лица во Јужноафриканската Република би можеле да бидат казнет со пет до десет години затвор и парична казна од 400 до 800 илјади фунти.