Во текот на минатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 42 решенија против 42 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето. Притоа, на 30 вработени изречена им е мерка  – „парична казна”, на осум вработени мерка – “запирање на постапката“, на двајца вработени мерка – „распоредување две нивоа пониско“, на еден вработен мерка – „распоредување едно ниво пониско“ и на еден вработен изречена му е мерка „отказ“.

Поради сторени повреди во работењето казнети се и неколку вработени во полициската станица на граничниот премин Свети Наум.

Мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец, бидејќи не го одржувале чисто и подмачкано формациското оружје, им е изречена на раководител на смена и четворица полицајци вработени во полициската станица на преминот.

OhridNews