Градоначалникот на италијанското летувалиште Кастелмаре ди Стабиа бара на жените да им се забрани да носат мини сукњи и други парчиња облека кои премногу откриваат, за да се подобрат стандардите на пристојност во тоа гратче. Доколку градските власти го поддржат неговото барање, на локалните жители ќе им биде забрането и пцуење, како и сончање и играње фудбал во парковите.


Градоначалникот Луиџи Бобио е уверен дека овие мерки, вперени против според него, простите и непристојни луѓе, ќе го поправи имиџот на градот и ќе ги смалат антисоцијалните појави. За прекршителите на законот предвидени се казни од 25 до 500 евра.