Туристите во Италија би можеле ова лето да доживеат неудобни изненадувања, бидејќи многу градови ви Италија вовеле казни за разни антиопштествени однесувања, како што се бакнување во автомобили, хранење на уличните мачки или правење кули од песок на плажите. Романтичните парови кои ќе се бакнуваат во гратчето Еболо, јужно од Неапол, ќе мораат да платат на лице место глоба од 500 евра.


Во приморското гратче Еракле, близу Венеција, донесен е пропис со кој се забранува правење кули од песок на плажите. За запалено цигаре на плажите во Ористан, казната изнесува 360 евра, а за хранење на гулабите во Бергамо ќе мора да платите 333 евра. Казната за истото дело во Венеција изнесува 500 евра.