Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка за три лица од Струга за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Двајца од нив не ги почитувале мерките и одлуките за забрана на движење на населението, па за време на полицискиот час на 5 и 7 јуни 2020 година, без дозвола, пеш се движеле низ околината на градот.

Еден од обвинетите не постапил согласно донесено Решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат со кое му била определена задолжителна самоизолација. При проверка од надлежни лица, на 4 јуни 2020 година тој не бил затекнат во својот дом. – соопшти обвинителството.

Jавно обвинтелство: Казна од по 3000 евра за тројца стружани за непочитување на здравствените мерки

Основното јавно обвинителство Струга му предложи на Судот на обвинетите да им изрече парични казни во износ од по 100 дневни глоби, со предлог да ја определи висината на дневните глоби за секој од нив на по 30 евра во денарска противвредност.

OhridNews