Казна за фрлен отпушок по улиците на Париз ќе изнесува 68 евра, а законот ќе се применува од септември. Во францускиот главен град е започната голема кампања како жителите би се предупредиле на проблемот со отпушоците од цигари на јавните места. Градските власти поставиле плакати ширум градот со кои ги повикуваат граѓаните и посетителите да се воздржат од фрлање отпушоци кои претставуваат сериозно визуелно и еколошко загадување.

Секоја година на улиците на Париз се фрлаат 350 тона отпушоци. На овој токсичен отпад, кој ги загадува и земјата и водата, потребни му се од 4 до 12 години да исчезне. Битката против отпушоците не се води само преку билборди, туку и со конкретна акција во рамките на која на територијата на градот ќе бидат поставени 30 илјади канти за отпадоци, по една на секои 100 метри, опремени со метална полица за гасење на цигарите. Парижаните имаат можност да се навикнат на новиот режим до септември кога на сила ќе стапи новиот закон по кој секое фрлање пикавци на улица ќе биде казнето со 68 евра.