Федералниот суд во Масачусетс, САД ја потврди пресудата на понискиот суд со што Џоел Тененбаум беше осуден за илегално превземање и дистрибуција на 31 песна.

Тужбата против него беше поднесена од страна на најголемите дистрибутерски куќи во Америка, како што се “Sony BMG Music Entertainment” и “Warner Brothers Records”. Првобитната пресуда била донесена во 2007 година, меѓутоа адвокатите на Џоел бараа поништување на истата.
Според конечната одлука на федералниот суд, Тененбаум сепак бил прогласен за виновен за илегално превземање музика, поради што му е досудена парична казна во висина од $675,000 долари.