Бразилецот Марсело де Азеведо Фернандес ќе мора да плати поголема парична казна бидејќи во последен момент ја откажал венчавката, јавиле локалните медиуми. Казната за несудениот младоженец била изречена како надокнада за моралната и материјалната штета која била предизвикана од неговото однесување.


Судијата во своето образложение навел дека Марсело предизвикал душевна болка и понижување кои не можат да се игнорираат. Тој бил должен на поранешната вереница да и плати 6500 долари како надокнада за трошоците за свадбата и психијатриското лекување.