Британското кралско друштво за заштита на животните (RSPCA) ја однело првата победа во борбата против оние кои се забавуваат голтајќи живи рипки од аквариум. Имено, 22-годишниот Гевин хоуп е осуден за свирепо однесување кон животните и казнет со 330 фунти откако на Фејсбук се појавила снимка на која голта златна рипка. RSPCA на почетокот на годинава започнала кампања против играта “Neknominate“ која се состои од поставување најлуди предизвици на интернет.

Младиот британец својот „подвиг“ го снимил за дочекот на Новата година. На видеото се гледа како најпрво пие мешавина од пиво, тобаско и текила, за потоа да ја проголта и рипката. Претставничката на RSPCA Мишел КАрлтон изјавила дека рибата умрела од гушење и високото на киселина во желудникот. Покрај казната од 330 фунти, Хоуп ќе мора да плати и 460 фунти за трошоците за судењето.