Екипата на Барселона, парично е казнета за нередите во градот и трибините на Ноу Камп пред и после дерби средбата со Реал Мадрид, која се одигра во средата и заврши без победник 0-0.

Нередите пред и на стадионот ги направија луѓето кои се ангажираат за независна Каталонија, а мечот со Реал Мадрид познат како „Ел Класико“ го искористија да привлечат уште поголемо внимание.

За хаосот пред Ноу Камп, Барселона ќе плати 1 500 евра, а опомената се однесува за извикувањата од трибините во текот на средбата. Ако во иднина навивачите на Барселона направат вакви нови испади, клубот ќе биде казнет и ќе игра пред празни трибини минимум два натпревари.

Љубителите на фудбалот реми без голови на Ел Класико проследија после 17 години. Последен пат мрежите на Ел Класико мируваа 2002 година.

OhridNews