Казиното Метропол-Охрид, се најде во листата на светски најпознатите казина на специјализираниот интернет сајт и списание за забава casinoselite.com/last.php.

Во промотивната сторија насловена како „Луксузно казино во Езерската земја“ порталот jа раскажува приказната за Македонија како земја на Балканскиот полуостров која по конфликтите околу и во неа бележи забрзан економски развој.

„Со преку 50 природни и вештачки езера, Македонија често ја нарекуваат и „Езерска земја“. Трите најголеми езера се Охридското, Преспанското и Дојранското. Охрид го има можеби најубавиот крајолик во Македонија. Градот се наоѓа на бреговите на Охридското Езеро и е опколен од планини, а некои од нив се протегаат и во соседна Албанија. Охрид е познат по тоа што има 365 цркви, по една црква за секој ден од годината. Природните убавини и посебниот шарм на стариот град го прават Охрид задолжително место кое туристите кои доаѓаат во Македонија треба да го посетат. Охрид-град музеј. Охрид- бисер меѓу бисерите. Охрид и Охридското Езеро- неразделни  низ вековите, случувањата и цивилизациите. Многу е напишано и ќе се пишува за градот и историјата. Ние само сакаме да ви обрнеме внимание на една од најголемите македонски вистини, вистината за Охрид, бесмртниот град, магично место кое ги поврзува минатото и сегашноста засекогаш“, пишува casinoselite.com .


Казиното Метропол посакувана дестинација за забава

Во сторијата авторот се осврнува на казиното Метропол, наведувајќи детали за правилата на игра. „Македонските закони го обврзуваат  секој посетител на казиното да се идентификува. Посетителите на Казиното и слот машините мора да имаат најмалку 18 години. На постојаните посетители на Казиното им се нуди членска карта со која добиваат посебни поволности како дополнителна храна и пијалоци, бесплатно хотелско сместување, бесплатен транспорт и слобеден влез во Казиното“, се само дел од деталите со кои се опишува казиното Метропол во Охрид како една од најпосакуваните дестинации за забава на богатите во светот.


Ohridnews