Голгетерот од Уругвај, Единсон Кавани е пред враќање во Серија А. Како негова следна дестинација се споменува Интер, кој ќе профитира од пропаднатиот трансфер на Кавани во шпански Атлетико Мадрид.
Според италијанскиот фудбалски експерт Џајнлука ди Марцио, преговорите помеѓу агентот на фудбалерот и Интер се во напредна фаза и во најскоро време треба да се официјализира соработката.
Кавани во Милано би се преселил како слободен фудбалер и без оштета, а неговиот моментален клуб Пари Сент Жермен ќе мора да бара замена за Уругвајецот.
Популарниот „Ел Матадор“ во италијанската Серија А помина шест сезони. По три години го носеше дресот на Палермо односно Наполи.
OhridNews