Составот на Манчестер Јунајтед, се врати од негатива 2-0 и успеа да слави триумф 2-3, на гостувањето кај Саутемптон, во една од денешните пресметки во Премиер лигата.

Најзаслужен за победата со пресврт беше Единсон Кавани. Уругваецот кој влезе во игра на полувремето, прво асистираше до Бруно Фернденес кој погоди за 2-1. Потоа, со дебитанскиот погодок во Премиер лигата изедначи на 2-2, а во судиското продолжение со вториот гол на мечот донесе голем триумф за „ѓаволите“.

Со петтата победа во деветтиот натпревар, Манчестер Јунајтед се искачи на седмата позиција и се врати во игра за топ 4.

OhridNews