Поради основано сомнение дека се сторители на eедно кривично дело „тешка кражба“ и едно кривично дело „кражба“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицата С.Ф. роден 1981 година  и М.Ф. роден 1986 година, двајцата од Кавадарци.
Пријавените, со намера да стекнат противправна имотна корист, на ден 03.10.2008 година, од гаража на улицата „Железничка“  кршејќи го катинарот со арматурни клешти и употребувајќи физичка сила, одзеле повеке акумулатори за моторни возила, алуминиумски фелни и неколку сетови механичарски алат.

На истиот начин, по два дена, двајцата пријавени успеале да влезат и во магацин во село Лескоец, од каде одзеле повеке парчиња градежен алат, кабли, потопни пумпи, винкли и друга градежна опрема со што се стекнале со противправна имотна корист од околу 59.000 денари.

По преземените мерки за пронаоѓање и приведување на лицата, СВР Охрид пронајде поголем дел од бесправно одземените предмети кои во понатамошната постапка им се вратени на сопствениците.

извор: СВР Охрид

Ohridnews