Екипата на Атланта Хоукс каде настапува Македонецот, Перо Антиќ претрпе катастрофален пораз во Њу Орлеанс 73:105, во натпревар од претсезоната.


Антиќ, ко е првиот македонски кошаркар во НБА лигата, на паркетот мина 15 минути, а во поразот на својот тим учествуваше со шест поени (погоди две тројки од три обиди).

Ал Хорфорд со 21 поен и 6 скока, односно Пол Милсап со 13 поени беа најефикасните играчи на Атланта на оваа средба.

 

„Макфакс“