Католиците ширум светот, денеска го одбележуваат празникот Велики петок, денот кога Исус Христос бил распнат во светата земја.
Неколку стотици христијани од католичка веросиповед, денеска пристигнаа во Ерусалим, каде верниците присуствуваа на мисата во црквата на Светиот гроб, место за кое се верува дека Христос бил распнат, погребан и воскреснал.
Според христијанските верувања, Христос бил распнат на Велики петок, а воскреснал во недела. Црквите меѓу кои и католичката кои се придржуваат до Грегоријанскиот календар, Велгиден ќе го прослават во недела.
Православните христијани кои се придржуваат до Јулијанскиот каделндар, Христовото воскресение ќе го прослават во месец мај.
По повод Велигден, сабота спроти недела во сите католички храмови во светот ќе се оддржи полноќна миса.
OhridNews