Со овој празник го славиме раѓањето на Синот Божји, неговото доаѓање на земјата и љубовта која го принудила да го земе човековото тело, да ги живее на земјата сите несреќи на човековата судбина и да го даде својот живот за нас. Затоа човечкиот род го слави Божик веќе со векови. Секој ден со нас и по нас, расте бројот на оние кои молат и пеат: “Слава му на Господ за мирот на луѓето со добра волја на земјата”. Среќен Божик!!!
Католичците денеска го слават раѓањето Христово – Божик. По тој повод насекаде низ светот се одржуваат полноќни миси во слава на Спасителот. По повод Божик празнична миса се одржа и во катедралната црква во Охрид.
По повод големиот празник честитка до верниците од католичка вероисповед и католичката црква во Македонија упати премиерот Никола Груевски.
„Ова е празник кој ја симболизира човечката толеранција, семејните вредности, човечкото милосрдие и взаемното разбирање. Ова се денови во кои различностите треба да зближуваат, вредностите кои не обединуваат да бидат силата со која се движиме и работиме, а добрината и почитувањето да се главниот двигател. Со Божиќ се слави раѓањето, како симболика на новиот живот кој значи нов почеток и надеж.
Овој празник е уште една можност да се потсетиме на вредностите на богоугодниот пат, да се потсетиме на потребата да бидеме достојни верници и чесни луѓе, да живееме скромно и правично, да владее мир и хармонија, да владее соработка и почитување, да ги негуваме семејните и традиционални вредности, да шириме радост, љубов и добрини. Таа верба нека не води и понатаму во нашиот личен живот, но и во нашата општествена улога да создадеме подобра иднина и поубав живот за сите наши граѓани.
Ви посакувам убави празнични денови, многу здравје, многу радост, успех и благосостојба во наредната 2014-та година.
Нека е честит и благословен големиот христијански празник – Божиќ !“ – се вели во празничната честитка на премиерот Груевски.
Божиќ се слави низ целиот свет. Папата Франциско служеше полноќна миса во Ватикан, а празникот беше одбележан и во историското место на Христовото раѓање во Витлеем.
OhridNews