Верниците од католичка вероисповед, денеска го слават раѓањето Исусово – Божиќ. По тој повод синоќа во катедралната црква „Св. Бенедикт и Св. Кирил и Методиј“ во Охрид се одржа Божиќна миса.


По повод Божиќ, честитки со желби за здравје, љубов и мир упати бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија Киро Стојанов .

– Големите празнувања не потсетуваат и ни ги приближуваат големите настани од историјата на спасението. Богослужбите кои ги славиме ни овозможуваат да спасението, кое се оствари во настаните на минатото, ни биде поделено денес. На тој начин настаните од минатото стануваат реалност во богослужбите, по кои што ни се поделуваат плодовите на раѓањето, страданијата и воскресението на нашиот Спасител, се наведува во честитката на бискупот Стојанов.

Ohridnews