Католичките верници денеска го одбележуваат Раѓањето Христово-Божиќ.
Честитка по повод празникот Божиќ што на 25 декември го слават граѓаните на Македонија со католичка вероисповед упати претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов,
Почитувани,
Ми претставува особено задоволство во овие празнични денови да Ви го честитам големиот празник на Христовото раѓање – Божиќ.
Рождеството Христово – Божиќ како еден од најсветлите и највозвишените денови во христијанството го симболизира новиот живот кој значи нов почеток и нова надеж. На овој важен ден имаме можност да се потсетиме на основните човечки вредности, да бидеме достојни верници и чесни луѓе, да живееме во хармонија и да шириме радост, љубов и добрина.
Да направиме сè и на овие празници различностите да не зближат, а вредностите кои нè обединуваат да бидат силата со која се движиме и работиме.
Во духот на долговековната традиција, посакувам празничните денови да ги минете во пријатна атмосфера, во кругот на најблиските исполнети со љубов и топлина.
Нека ве следи добра мисла, Божиќен и човекољубив дух.
д-р Ѓорге Иванов
OhridNews