Воскресението Христово или Велигден, претставува еден од најголемите христијански празници, односно Празник на победата над смртта. Денеска, христијаните од католичка вероисповед го прославуваат денот кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.

Вапцаните јајца, козињакот и богатата трпеза која се носи во храмовите за Велигденската миса, се карактеристиките кои се пропратен дел од традицијата. Празникот кој денеска се паѓа по Грегоријанскиот календар, го чествуваат  и охриѓани меѓу кои и семејството Деспотоски.

Домашните за среќа мора да каснат од благословените јајца кои претходно се носат на Велигденската миса. Веднаш после мисата се вечера во домашен  и празничен амбиент, збогатен со јагнешко месо и црвено вино. За ручек се спремаат њоки, паштицада, односно карактеристичен телешки сос, како и јагнешкото месо. “ – велат од семејството Деспотоски.

На овој христијански празник, му претходи 40 дневен пост наречен „Коризма“, а пред тоа се слави празникот Прочка(Пепелница) за кој што се врзани низа обичаи. Како што велат од семејството Деспотоски, постои обичај каде што луѓето ги чуваат накитените елки се до Пепелница.

Во Винковци односно во Славонија, помладите моми за време на коризмата(постот) после мисата се собирале околу црквените храмови и плачеле, а то се вика Госпин плач, односно оплакување на маките и страдањето на Исус на крстот. Додека траат постите, секој ден на мисата се врши „Патот на крстот“, т.е се пеат песни и молитви пред иконите се до Велики Петок. Најпозната песна тогаш е “Stala Plačuć’ tužna mati” од 1701-ва година.“ – додаваат од семејството Деспотоски.

Отец Оливер Тантушев од Католичката црква „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид, вели дека Велигден или Воскресението Христово претставува најголемиот празник за христијаните, бидејќи со него се означува победата над смртта.

Свети Павле на едно место ќе каже, ако Исус Христос не воскреснеше, залудна ќе беше нашата вера. Па поради тоа , овој празник е најголем од сите христијански празници. Преку него се прославува самото Христово воскреснување. Велки Четрвтрок претставува празник, каде Исус ја востановил светата тајна Ефхаристија и светиот тренд свештенство. Велики Петок е денот кога Исус го даде својот живот за нас христијаните. Со овој ден, врзани се некои обреди како симболичкото правење на божјиот гроб.“ – вели отец Тантушев.

Тој додава дека врвот на целата прослава и сите обреди кои што се поврзани со Велгиден, е самата восресна литургија.

Таа на некој начин се нарекува и Воскресно бдеење, каде го славиме самото Воскресение  Христово. Од се срце сакам да им го честитам Велигден на сите оние луѓе кои го слават празникот по Грегоријанскиот календар. Христос Воскресе, Навистина Воскресе.“ – додаде Тантушев.

Инаку, традиционална празничка миса се одржа и во Католичката црква „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид.

O.T.