Католичките верници денеска го слават Велигден – Воскресение Христово. По тој повод во сите католички храмови во светот се одржа полноќна миса. Велигденска миса синоќа се одржа и во католичката црква  „Св. Бенедикт и Св. Кирил и Св.Методиј“ во Охрид.

По повод католички Велигден празнична честитка до верниците упати Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх, Киро Стојанов.

„Христосовото воскресение е неизмерен дар на безграничната Божја љубов кон нас луѓето. Ако вистински го живееме Велигден, тогаш и многумина ќе можат преку нас вистински да го доживеат“, се вели во честитката на бискупупот Киро Стојанов.

Велигден денеска го слават повеќе од 2 милијарди католици. Главната миса се одржа во Рим на која Папата Бенедикт XVI повика на молитва за загинатите во катастрофалниот земјотрес во Централна Италија..

„Да се помолиме за нив во оваа темна ноќ, да се појави ѕвезда на надежта, светло Господово. Сакам да им посакам на сите Среќен Велигден“, рече Папата Бенедикт XVI.

По повод Велигденски празници, честитка до верниците од католичка вероисповед упати и  градоначалникот на Охрид  Александар Петрески.

Празнувањето на овој голем христијански празник нека мине во знакот на меѓусебна почит, толеранција и просветленост на сите вас за заедничката определеност на лугето од ова поднебје кон вистинските духовни вредности и космополитски перспективи. Вашите домови нека бидат исполнети со семеен мир, духовна и материјална благосостојба, а срцата ваши нека се исполнат со љубов кон најблиските и пријателите, како и  радост за празнувањето на Христовото воскресение“, се вели во честитката од градоначалникот Петрески.

Ohridnews