Во Католичката Црква во Охрид, синоќа и утринава се одржаа литургии на кои се славеше Исус и неговото дело. Чиноначалствуваше Отец Стјепан Кушан, пред повеќе верници од Охрид, како и гости од Хрватска, Германија, Америка и др.
„На моја иницијатива, а во соработка со Отец Диме од православната црква „Св. Ѓорѓија“ организираме бесплатни курсеви по англиски и германски, помагаме на децата заболени од церебрална парализа и на социјално најзагрозените“ – вели Отец Стјепан. На прашањето дали постои тенденција за „приближување“ на католичката и православна црква, дипломатски одговара:
„Можеме да прашаме дали некогаш и имало оддалечување. Еве ги честитките кои денес ги добив од г.г. Стефан и од владиката Тимотеј. Не можам со сила да ги натерам да ми честитаат. Со Православната Цркава во Македонија, отсекогаш сме имале добра соработка“, рече отец Стјепан.
Утринската литургија Отец Стјепан ја заврши со „Одете во мир“, со што на сите верници им го честита Божик и им посакува добро здравје и среќа.
Охрид, 25.12.2006
С. Костоски