Според „Катимерини“, постои подготвеност од двете земји за користењето на името на најдолгата река како географска детерминанта во името на Македонија. Грчкиот весник пишува дека ова би било погоден компромис што не би вклучувало интервенции во македонскиот Устав.
Како поткрепа на овие тврдења „Катимерини“ користи информации од западни дипломатски извори, според кои, постоел напредок во директните средби меѓу премиерите Никола Груевски и Јоргос Папандреу.
Телевизијата „Антена“ излезе со тврдење дека во текот на летото името Република Вардарска Македонија ќе биде прифатено од Скопје и Атина како решение на спорот со името.
Медијаторот на ОН за името Метју Нимиц деновиве соопшти дека одржува постојан контакт со двете страни и најави дека ќе закаже нова средба, во оној момент кога ќе биде потребно.
Извор:”Макфакс”