Секторот за Туризам и ЛЕР – одделение за туризам,  заклучно со 12 мај, во посебни категории евидентирал 1336 станоиздавачи со над 8500 легла, соопшти локалната самоуправа.

Од овој број 229 се апартмани, од кои 85 од прва, 92 од втора, 41 од трета и 11 од четврта категорија. Категоризирани се и 2933 соби од кои 1110 се во категоријата комфорт и 1823 во категоријата стандард. Во овој процес опфатени се и 192 стана и две куќи, со над вкупно 8500 легла. Со категоризацијата опфатени се и Љубаништа, Трпејца, Пештани, Елшани, Елешец, Лагадин, Коњско и Рача.

Процесот континуирано продожува, а интересот на станоиздавачите за категоризирање е зголемен, за што сведочат новите 100 барања кои во моментов се разгледуваат, информираат од локалната самоуправа.

Ohridnews