Катастрофалните последици од земјотресите во Непал, е документарен филм за разорниот потрес со магнитуда од 7,8 степени кој на 25. Април 2015 го потресе Непал, а после него следеше уште еден, на 12 мај со магнитуда од 7,3 степени.

Разорниот земјотрес позади себе остави рушевини и повеќе од 8000 загинати, вклучувајќи и 18 планинари кои биле во камп на Монт Еверест. Историските згради во главниот град на Непал, Катманду, се сведени на рушевини, а позади семејните куќи останати се само облаци од прашина.

 

Во овој документарец, со помош на интервјуата со експертите и сеизмичките симулации се објаснува науката за потресот, спасувачките акции во Катманду и вестите за потресот од целиот свет. Филмот пружа ексклузивен увид во ситуацијата со помош на најновата технологија и истражувања кои се во тек кои би му помогнале на човештвото да подобро ги предвидува и се носи со природните катастрофи. Гледачите ќе имаат можност да ги видат изјавите на очевидците и оние кои го преживеале земјотресот- од мајка чие дете било закопано во рушевините 22 часа до студент кој бил згмечен од рушевините на зграда. Надополнување се и сведочењата по социјалните медиуми за време на настанот.

 

“Документарецот ги води гледачите во самиот центар на потресот, во едно од најстрашните искуства познати на човештвото и ги покрива сите аспекти, од наука до лични приказни на луѓето кои го преживеале.” Изјави Елизабет Мекентајер, потпретседател на производство и развој на Discovery Networks International.

Катастрофалните последици од земјотресите во Непал, на Дискавери може да го проследите во недела 31 мај во 23 часот.