Светската банка и Министерството за финансии потпишаа договор со кој се предвидува продолжување на реформите во македонскиот катастар со дополнителни девет милиони евра заем од Светската банка.

Дополнителното финансирање треба да ја помогне дигитализацијата на постојните катастарски мапи и планови и достапност на овие графички информации до граѓаните и приватниот и јавниот сектор преку интернет. Ќе се подобри и точноста и ефикасноста на премерот преку комплетирање и надградба на државната геодетска референтна мрежа.
 
Дополнителните финансиски средства што ќе помогнат да се дигитализираат катастарските мапи, ќе овозможат размена на податоците на полесен и подостапен начин, а воедно ќе и помогне на Владата во водењето на политиката со недвижниот имот, односно ќе придонесе за подобро функционирање на пазарот на недвижен имот.

OhridNews