Ракометната селекција на Катар го освои златниот медал на азискиот шампионат победувајќи ја репрезентација на Иран со 28-19 (15-11) во финалето.
Со освојувањето на титулата Катар обезбеди директно учество на Олимписките игри во Рио 2016 година и го отстапи местото освоено на Мундијалот минатата година.
Испразнетото место го пополни селекцијата на Словенија која на последниот светски собир заврши на осмата позиција.
За и Македонија да биде дел од квалификацискиот циклус ќе мора да се поклопи уште една коцка, а тоа е еден од европските четвртфиналисти од Мундијалот во Катар да триумифира на континенталниот собир во Полска следната година.
Четвртфиналисти во Катар покрај шампионот Франција беа селекциите на Полска, Шпанија, Данска, Хрватска и Германија.
Ohridnews