Катар планира да започне со изградба на вештачки остров во вредност од 5,5 милијарди долари покрај својата престолнина Доха, каде ќе има повеќе хотели во кои ќе бидат сместени посетителите на светското фудбалско првенство. Како што пренесуваат агенциите, со проектот е предвидена и изградба на луксузни вили и пет пловечки хотели на крузери.
Проектот бил претставен од локалниот промотер за недвижности Барва Риал Естејт со поддршка на државните фондови на Катар. Хотелите ќе можат да примат околу 25 илјади гости. Катар, најголемиот светски извозник на природен гас најавил дека до 2016 година во инфраструктурни проекти ќе вложи 40 проценти од својот буџет.