Катар по повод претстојниот национален празник, кој секоја година се обележува на 18 декември, го развиорил најголемото знаме на светот.

Заливскиот емират се надева дека знамето, големо колку седум фудбалски терени, ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди. Според локалните медиуми, платното за изработка на џиновското црвено-бело знаме морало да биде доставено со три авиони.