Кина најави дека на Катар ќе му подари две џиновски панди по повод Светското првенство во фудбал што ќе се одржи во оваа средноисточна земја од 20 ноември до 18 декември.
Пандите по име Сухаил и Сораја ќе пристигнат во Катар во октомври, непосредно пред почетокот на турнирот. Сухаил е арапското име на една од најсветлите ѕвезди што може да се видат во Персискиот Залив, а Сораја е назив за соѕвездието Плејади.
Ова е подарок од 1,4 милијарди на Кинезите по повод Светското првенство во Катар и сигурно ќе стане нов симбол на кинеско-катарското пријателство, изјави кинескиот амбасадор во Доха, Жоу Џијан.
Кина, најнаселената земја на планетава, не се пласираше на Светското првенство, но кинески компании учествуваа во изградбата на објектите за ова натпреварување.
OhridNews