Словенечкиот фудбалски стратег на кормилото на македонската фудбалска репрезентација, Сречко Катанец, по завршување на мундијалските квалификации дефинитивно ќе ја напушти селекторската позиција.
Катанец одлуката ја соопшти на средбата со македонските новинари во Скопје. Како една од причините за заминувањето Катанец го наведе слабиот квалитет на играчи со кои располага Македонија. Според него Мекедонија нема квалитетни фудбалери, а дел од играчите немаат капацитет да играат за репрезентацијата, осoбено не во системот што тој го практикува. Два циклуси во репрезентација се сосема доволно, рекол на неформалната средба, Катанец.
Катанецот, како што пренесоа дел од националните медиуми, не ја исклучил ниту и можноста да ја напушти репрезентацијата и пред завршувањето на квалификациите за пласман на светското фудбалско првенство доколку Македонија ги загуби шансите за второто место во групата.