Португалецот Кристијано Роналдо од  Манчестер јунајтед и Аргентинецот Лионел Меси од Барселона добија по пет поени од македонскиот селектор и од капитенот, во гласањето за фудбалер на годината што го организира ФИФА.

Селекторот Сречко Катанец, покрај Роналдo, поени како второ и третопласирани им додели на Меси и на Бразилецот Рикардо Кака (Милан), актуелен победник во овој избор.

На списокот со тројцата најдобри за годинава, според капитенот на нашата репрезентација Гоце Седлоски, покрај Меси се наоѓаат Роналдо (Манчестер ј.) и Шпанецот Фернандо Торес од Ливерпул.

Второпласираните во гласањето добиваат по три, а третопласираните по еден поен.

Свеченото прогласување на најдобриот фудбалер за 2008 година ФИФА ќе го одржи на 12 јануари, во Цирих.

ohridnews