– Не сметам дека тешкиот терен во Зеница ќе ни биде предност. Македонија во лоши услови за игра, во Скопје, против Хрватска и Србија, забележа добри резултати, но одигра добро и во идеални услови против Англија. Очекувам судир на две рамноправни селекции, кои имаат амбиции во новиот квалификациски циклус да направат исчекор во европскиот фудбал – порача Сречко Катанец.
Нема ништо ново во списокот на Катанец, сите се проверени кандидати а Словенецот најави дека на сите ќе им даде шанса . Тренерот на Лацио Делио Роси, го замолил Катанец Пандев да одигра само едно полувреме
– Ќе играме со иста формација, а што се однесува до Пандев, ќе биде на теренот онолку колку што ќе проценам дека е потребен во екипата. На овие натпревари се испробуваат тактички замисли и потенцијалот на кандидатите кои се наметнуваат – вели Катанец.
На последниот дуел во Скопје, пред четири години, Македонија и’ се реваншира на БиХ со идентична победа од 1-0. Победничкиот гол за „црвено-жолтите“ беше дело на новиот македонски лидер, Горан Пандев, кој во овој состав е и прв стрелец со 12 погодоци.
– Босанците ми се во добро сеќавање. Против нив го постигнав еден од најдрагите репрезентативни голови. Посакувам и на овој нов дуел да се запишам на листата со стрелците – вели Пандев
Главен судија за оваа средба е Владо Свилокос од Хрватска а му помагаат неговите сонародници Синиша Премужај и Јосип Хаваич. Натрпеварот започнува во 20.15 ч, со пренос на ТВ Сител.