И покрај серијата слаби резултати селекторот Среќко Катанец нема намера да ја напушти македонскта клупа до крајот на неговиот договор кој завршува во ноември.Словенецот вообичаено по заминувањето од Македонија се огласи преку веб страната на ФФМ
– Како што реков и после натпреварот со Естонија во Скопје на прес конференцијата на фудбалерите може само да им честитам за храбрата и пожртвувана игра посебно во второто полувреме. Сигурно е дека направивме доста шанси но не реализиравме. Но тоа е фудбал и тоа е спорт ,воедно затоа е играта (фудбалот) на крај и интересна и возбудлива. Но да напоменам дека од првиот натпревар во Естонија ,ни фалеа дури 5 играчи – вели Катанец.
Словенецот на нашата клупа сега вели дека е горд на репрезентативците што ги тренира и професионално ке го одработи договорот со ФФМ .
– Својот договор со ФФМ ќе го одработам до крај професионално како што сум работел и до сега,но морам да напоменам дека сум горд што ја тренирам македонската фудбалска репрезентација .Исто така морам да напоменам дека македонската репрезентација на сите натпревари беше конкурентна ,освен на натпреварот со Русија во Скопје каде што бевме во подредена улога.
Повторно со “излитени“ фрази Катанец се обидува да се спаси, но и никако да се ослободи од товарот наречен македонска фудбалска репрезентација.
За одговор на прашањето дали ќе добиeме нов селектор или Хари ке му даде уште една шанса, ќе мора да го чекаме крајот на ноември. Дотогаш ни преостануваат уште три натпревари,прво со нашиот добар познаник Андора, па Хрватска и на крајот Изреал во гости .
М.Постоловски