Селекција на Исланд по првите два меча прептре пораз од Шкотска 1-2, а одигра реми против Норвешка 2-2.
Селекторот Катенец се уште не се оптеретува со нашите шанси и напоменува дека во овај циклус ќе одиме од натпревар во натпревар, но дека амбициите се на секој натпревар да забележиме победа.
Селекцијата на Исланд не е наивен противник, а нивни најпознат фудбалер е Гудјонсен од Барселона.
Поради суспензија во тимот ќе го нема Наумоски, па сиот товар ќе падне врз Горан Пандев кој игра феноменално во последниов период.
–Ме радува што Пандев игра во извонредна форма во Лацио. Како 19-ти играч го повикав и Васоски да видиме во каква состојба се наоѓа бидејќи мислам дека заслужува да биде во националниот тим. Што се однесува до противникот ја гледав средбата со Норвешка. Тоа е екипа која многу трча, физички издржлива и борбена, има ред во играта и плус тоа треба да ги имаме во предвид временските услови, ветер, дожд, што значи мораме да бидеме максимално подготвени од сите аспекти ако сакаме да постигнеме добар резултат и да ги задржиме добрите позиции во групата на крајот од оваа квалификациска година- вели селекторот Катенец на веб страната на ФФМ по соопшувањето на списокот.
Мечот против Исланд ќе биде трето наше соочување со рибарите. Во претходните два дуели кои ги одигравме во квалификациите за СП 1998, во Скопје триумифиравме 1-0 со голот на Христов, додека во Рејкавик ремизиравме 1-1, Стрелец на голот за Македонија беше Неџмедин Мемеди.