Малата минутажа на неколку стандардни играчи во националниот тим го наведе селекторот Катанец да повика повеќе играчи од вообиаченото.
Целта на селекторот е во мини подготовките кои ќе се одвиваат во Холандија да ја постави играта која ќе биде максимум за нашиот потенцијал.
– До крајот на овој циклус има уште многу натпревари и затоа е важно играчите да сфатат дека е тоа натпревар на кој нема што да се загуби. Единствено што посакувам е сите повикани играчи да бидат здрави на 1. април за да може да го составиме посакуваниот тим – изјави селекторот Катанец.