Македонскиот селектор Сречко Катанец ќе учествува на тридневен собир на селекторите на националните тимови на 53 европски страни-членки на УЕФА во Виена. Отсуствува единствено селекторот на Германија, Јоаким Лев, кој е повреден.

Од германскиот фудбалски сојуз соопштија дека Лев има повреда на десното колено откако играл фудбал во средата. Тој ќе биде заменет на семинарот во Виена од тим менаџерот Оливер Бироф и помошник тренерот Ханзи Флик.

Националните селектори ќе ги прегледаат финалните средби на Евро 2008 и најголемите промени во судењето.

“На секои две години, по големо првенство селекторите и техничките директори се сретнуваат да разменат идаи и да ги коментираат новите тенденции целосно и во Лигата на шампиони”- изјави на прес-конференција Анди Роксбург, технички директор на УЕФА.

Меѓу почесните гости на семинарот се Луис Арагонес, кој ја изведе Шпанија до европската титула летово, селекторот на Италија, Марчело Липи и бразилецот Карлос Алберто Переира, кој ја освои светската титула во 1994 во САД.

На дневниот ред за денес е еволуција на фудбалот и еволуција на судењето.

ohridnews