Селекторот на Македонија, Среќко Катанец по разочарувачкиот пораз од Исланд  беше вчуденевиден од серијата промашувања на неговите избраници

– Не знам што да мислам после ова, дали да се смеам или да плачам. Ама повеќе ми доаѓа да плачам. Овој меч требаше да заврши 5-1 за нас, а ние загубивме од екипа која не направи ниту една шанса. Да не дадеш гол од десет шанси е рамно на чудо. Во иднина имаме уште пет меча и ако создаваме олку шанси, се може да се случи.
Квалификациите не се завршени за Македонија. Знам дека селекторот секогаш е виновен, но јас бев на клупата, а некој друг таму на теренот. Немам што да им замерам на фудбалерите, но се согласувам дека во првото полувреме игравме најлошо откако сум јас селектор. Но дури и со такво лошо полувреме, ние направивме пет шанси. Не сакам да се правдам, но по три натпревари во квалификациите, нас ни фалат три бода. Токму овие од Исланд, а од мечот со Холандија, еден бод. Овој меч со Исланд беше тотален неуспех, но се надевам дека во иднина ќе биде се како што треба – рече Катанец.

ohridnews