– Добро е што репрезентативците во најголемиот дел ќе бидат на овие кратки подготовки кои вклучуваат и контролен натпревар со селекцијата на Молдавија која е квалитетна селекција и верувам дека ќе одиграме уште еден добар натпревар на кој ќе се обидеме да продолжиме со нашата игра но и да ја подобриме пред се ефикасноста бидејќи факт е дека на последните средби, особено со Исланд па и Црна Гора создававме шанси кои не успеваме да ги реализираме. Имаме доволно време да поразговараме со играчите и полека да започнеме со подготовките за она што не очекува во Април во Холандија и пред се двете средби со Исланд и Норвешка во Јуни – вели Катанец за веб сајтот на ФФМ.
>>Црвено – жолтите на прозивка во Анталија
Селекторот Катанец најави дека во првиот момент кога Македонија ќе ги загуби теоретските шанси за пласман на СП 2010 г. ќе ја напушти македонската клупа.