– На списокот се неколку нови имиња од средбата со Црна Гора. Ме интересира да се видиме повторно по неколку месеци. Не го повикав Васоски кој по паузата се подготвува со екипата , но и тој е во комбинација. Ќе ги тестираме двајцата нови штопери, Огњановски и Шиков, што можат и колку ќе ни користат. Ова се играчи кои се во комбинација за Холандија.
Словенецот на нашата клупа уште еднаш го потврди претходно изнесеното.
– Јасно е дека повеќето од играчите се на пауза и во ек на подготовки. Добро е да го искористиме терминот . Пред два месеци кажав што мислам. Реков дека доколку ги изгубиме шансите за освојување на второто место во групата ќе заминам од кормилото на македонската репрезентација. Сега останува на играчите да се сконцентрираат на она што не очекува . Создаваме шанси играме добро против сите противници, но очигледно дека мораме да бидеме 100 % внесени во она што не очекува. Токму затоа е добро што ќе се собереме за првпат во новата година, да поразговараме , да се подготвиме максимално за она што не очекува и се разбира против молдавците да го одиграме она што ќе се договориме – изјави селекторот Катанец.