На пресот по натпреварот македонскиот селектор Катанец со кратко резиме.
Им честитам на Хрватите за победата. Мислам дека добро се намачија, а гледачите имаа можност да проследат еден интересен натпревар . Ништо не правевме во нападот во вториот дел и тоа го одлучи победникот. Критериумот на судијата беше во најмала рака смешен, поготово во доделувањето на жолтите картони. Сепак исклучувањето не го одлучи натпреварот, ние во вториот дел многу се повлековме и им дозволивме многу лесно да го освојуваат просторот. Она што најмногу ме погоди беше однесувањето на стручниот штаб . Просинечки беше најгласен , и му советувам да се смири . Мојата работа е како и неговата, иако сум млад тренер тоа незначи дека сум нервозен. Не ми паѓа на памет да плукам на противничката клупа и да ги вреѓам противничките играчи кога ќе постигнат гол.
Им честитам на играчите ова е нивна победа. Совладавме мошне квалитетен пртивник , се случи она што го превидовме, Македонија е незгоден противник – вели Славен Билиќ-селектор на Хрватска. Пресуден беше нашиот квалитет. Влеговме во натпреварот запалени и сакавме да постигнеме гол од две додавања . Воопшто не бевме комапатиблни. Макдонците ни создадоа многу проблеми , се до иклучувањето на Седлоски играа со три шпица, меѓу кои најмногу се истакнуваше Пандев, одлично ја задржуваше топката чекајки ги своите соиграчи. На полувремето им реков на моите играчи да играат стрпливо, морам да признам дека се до исклучувањето на Седлоски се плашев од контрите и полуконтрите на Македонците. По она што го видовме Срна требаше да игра од самиот старт ,натпреварот го добивме повеќе на квалитет него на карактер – заврши Билиќ
Јане Николоски – Нашата едница ја имаше моежеби најлошата партија од кога е застанат на голот на македонскта репрзентација. Силно мотивираниот Николоски потфрли ,на негова душа оди првиот гол на Срна .Не ја влеваше постребната сигурност и многу тешко дегажираше .
Александар Васоски – Достојно го замена Митрески и сосема солдино го маркираше Едуардо ,првиот пат кога му избега Бразилецот пстигна гол .
Николче Новески – Уште една солидна партија на упорниот Новески ,доби неколку удари а одлично го неутрализираше Балабан ,малку фалеше да го изблокира центаршутот на Срна за победничкиот гол .
Гоце Седлоски – Нашиот најдобар играч ма теренот се до несреќнот исклучување поради втор жолт. На враќањето на Максимир постигна гол и капитенски ја предоводеше одбранта ,престрого беше исклучен .
Величе Шумуликоски – Тивка партија на работникот во нашата репрезентација. Посебно во вториот дел кога Модрич и Крањчар многу лесно се ослободуваа и стигнуваа до зоната за удар.
Александар Митрески – Дефинтивно е дека улогата во средината на теренот не е онаа на која Аце може да пружи многу , мака мачи со орагнизацијата на играта ,а непотребно го собори Шимуниќ за фаул по кој беше постигнат изедначувачкиот гол .
Роберт Попов – Не ја оправда довербата на селекторот , не направи ниту еден трк и не упати корисен центаршут ,само благодарение на жолтите на Петров се најде меѓу првите 11 .
Владе Лазаревски – Уште една жртва на жолтите картони,не можеше да даде некаков допринос во нападот биедјки десната страна е негова појака страна,што во голема мера се осети по влегувањето на Дарио Срна.
Горан Пандев – Тивка партија на нашиот најдобар играч во моментов ,се уште добрите партии од Лацио не може да ги пренесе во националниот тим.
Горан Мазнов – Само уште една потрвда дека ние се браниме со напаѓачите ,благодарение на неговите дефанзивни карактеристики го добива стартното место.
Илчо Наумоски – Заедно со Седлоски ,најдобар на теренот ,им создаваше многу проблеми на одбранбените играчи .ја имаше најдобрата прилка на мечот а прекршокот за слобдниот удар од кој постигнавме гол беше направен над него.
Дарко Тасески – Примениот гол го смена текот на натпреварот па Тасеки ќе беше многу покорисен во колку влезеше на 0-1 . Вака неговата игра не дојде до израз.
Мирослав Вајс – Уште едне играч кој доби можност поради жолтите картони , не ја искористи шансата мораше да реагира многу подобро при вториот примен гол .
Игор Јанчески – /
Конард Плаутз (главен судија на натпреварот) Имаше не изедначен критериум и покрај тоа што не подлегна на притискот во вториот дел кога во неколку наврати домаќините бараа пенал , но подлегна на притискот при доделувањето на вториот жолт картон на капитенот Седлоски . Пресртого покажниот картон го одлучи натпреварот.
Збор два за коментаторот Драган Николоски , извинете неможе НАЦИОНАЛНАТА селекција да прими гол во 90 мин, тој да се радува на погодокот на хрватите и притоа да рече дека поразите се составен дел од фудбалот.
М. Постолоски