Според извештаите во словенечките медиуми, довчерашниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Сречко Катанец, би требало наскоро да ја преземе селекцијата на Обединетите Арапски Емирати.

Изгледа дека словенечкиот стратег, кој поднесе оставка пред три дена, експресно си нашол нов ангажман и доаѓа на позиција, на која во минатото, меѓу другите, се наоѓаа Дик Адвокат, Марио Загало и Карлос Алберто Пареира.