Македонскиот фудбалски селектор, Сречко Катанец, не импресиониран од домашната понуда замина од Скопје без да придодаде некое име од домашниот шампионат во списокот за новиот репрезентативен тест, на 26 март, на гости, со БиХ, во Зеница. По бледото издание на најдобрите тимови од домашното првенство, најверојатно неговиот избор повторно ќе биде сконцентриран на списокот каде што се наоѓаат имињата на интернационалците. Списокот со кандидатите за новата репрезентативна контрола останува отворен до крајот од неделава. Засега, во изборот со интернационалци место од домашната сцена има само „резервниот“ голман Томе Пачовски. Словенечкиот стратег го искористи своето присуство во главниот град за да во друштво со секретарот на репрезентацијата Славчо Војнески го проследи и меѓународниот ракометен меч помеѓу екипите на Металург и словенечкиот тим Цимос Копер во рамките на четврт-финалето на Купот во ЕХФ. Секретарот на репрезентацијата Славчо Војнески, за ohridnews најави дека во месец мај македонската фудбалска репрезентација ќе одржи десет дневен камп во Охрид со поширок список на играчи.
Работнички нa чекор до титула ! !
Работнички К. направи огромен чекор кон враќање на титулата во Градски Парк, откако во дербито на сезоната минимално го совлада Кумановски Милано со 1-0. Пред очите на селекторот Катанец стрелец на единствениот гол вреден три бода беше Ндерим Неџипи. Поради здравствени проблеми стратегот на Работнички К., Драгољуб Беквалац, на полувремето ја напушти клупата и со возило на брза помош беше изнесен од стадионот. БАШКИМИ и Вардар пред празни трибини ги поделија бодовите во Куманово играјќи 1-1. Гостите поведоа преку Пеев, но пред крајот израмни Ганчев. ПОБЕДА со ефикасна игра славеше против Напредок 4-1. Капинковски, охриѓнецот Настоски, Ацески и Трипуноски беа стрелци за актуелниот шампион, почесниот гол за гостите беше дело на Поп-Панев. Со единствениот удар на Главевски уште во 14 минута ЦЕМЕНТАРНИЦА падна пред Пелистер (0-1) и полека го губи чекорот за опстанок. МАКЕДОНИЈА ЃП ја остави екипата на Шкендија во опасната зона по убедливиот пораз на стадионот во Ѓорче од 4-1. Брњарчевски, Мојсов и на двапати Ѓомбалај погодија за лавовите, додека единстевниот гол за тетовци го постигна Рутевски. Во меч со две различни полувремиња РЕНОВА и Силекс освоија по бод 1-1. Андонов за домашните и Ступиќ за гостите беа стрелци на головите.
Значајни резултатите постигнаа каратистките од карате клубот „Кун-су-то” Охрид на Меѓународниот карате турнир „Скопје гран при 2024″ кој се одржа во Скопје На турнирот Анастасија Смилев...
Ракометарите на Охрид денес ја пречекуваат екипата на РК Радовиш во рамки на 12 коло од Супер лигата Можност екипата да се врати на победничката патека по поразот од Алкалоид во дерби средбата мина...
Во недела, 24 ноември, ФК Св Троица ќе го одигра последниот натпревар од првиот дел од сезоната во третата МФЛ против ФК Преспа Овој натпревар има и хуманитарен карактер, бидејќи на него ќе биде по...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.